Јапонецот кој на необичен и забавен начин ги фотографира своите мачки стана популарен на интернет, но речиси секој обид за фотосесија не оди според планираното.
Тој ги носи своите миленичиња на прекрасни места, како што се живописни полиња со сончогледи, облекувајќи ги во атрактивни комбинации, со цел да направи совршена фотографија. Но, мачките веднаш покажуваат дека тие имаат свои намери.
На место да позираат мирно, фотографиите често се претвораат во хаос, со мачки кои се туркаат, весело скокаат и се вклучуваат во „расправии“, додека нивниот сопственик трпеливо се обидува да ги фати моментите. Неговата реакција, додека се обидува да овековечи моментот, е особено забавна, бидејќи тој останува насмеан и упорен.
Зад оваа необична идеја стои надежта дека заедничките излети и новите искуства ќе помогнат на мачките да се сближат и подобро да функционираат заедно. Иако совршената фотографија не излегува секогаш според замислата, токму непланираните моменти се она што ја освои симпатијата на интернет-приврзаниците. Често најдобрите фотографии настануваат токму кога сè не оди како што треба.


