Жител на Кавадарци пријавил измама во која останал без 3.200 евра поради ветување за помош при лекувањето на член од неговото семејство.
Според полицијата, 37-годишниот маж пријавил дека измамата се одвивала од ноември минатата година до 22 август 2026 година.
Во тој период, тој предавал пари на лице со иницијали М.А., верувајќи дека парите ќе бидат искористени за медицинска помош.
Откако предал вкупна сума од 3.200 евра, оштетениот започнал да се сомнева во намерите на лицето и го пријавил случајот во полиција.
Од СВР Велес изјавија дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со измамата.


