Системот „Безбеден град“ и контролата на сообраќајните прекршоци веќе влијаат на изборот на возачите за гранични премини при патувања меѓу Северна Македонија и Србија.
Се јавуваат информации дека многу возачи, особено оние со нерегулирани казни, избираат да поминат преку граничниот премин Пелинце – Прохор Пчински, наместо преку Табановце.
Оваа промена на патниот правец се должи на желбата да се избегнат дополнителни проверки за излез од земјата и потенцијалното плаќање на досега евидентирани сообраќајни прекршоци.
Во последниот период имаше наводи за задржувања на граничниот премин Табановце поврзани со неплатени казни, особено за возила со странски регистарски ознаки.
Pелинце – Прохор Пчински е вториот граничен премин што ги поврзува двете земји, покрај фреквентниот Табановце, поради што некои патници го разгледуваат како алтернативна опција.


