in

Компаниите во Виена наместо службено возило нудат велосипед – отплата по поволна цена

Во главниот град на Австрија купувањето велосипеди на лизинг преку фирма станува се попопуларно. Се повеќе виенски компании на своите вработени наместо службено возило им нудат службен велосипед. Кој изнајмува велосипед преку компанијата може подоцна да го исплати по поповолна цена.

За време на периодот на закуп, има и големи даночни поволности. Пандемијата предизвика вистински долгорочен бум кога станува збор за велосипедизмот во Виена. А неодамна е забележан тренд на купување велосипеди на лизинг.

Се повеќе компании им нудат на своите вработени велосипеди за лизинг. Заштеда од околу 35 проценти произлегува од тоа што месечните рати за закуп се одбиваат директно од бруто платата.

Ова создава даночни олеснувања од околу 30 до 40 проценти, во зависност од приходот. Во моментов, постојат неколку виенски компании кои нудат велосипеди за изнајмување на своите вработени. Може да се изнајмуваат сите видови велосипеди, од градски до електрични, а особено се популарни поскапите електронски велосипеди, пренесува магазинот City.

За многу клиенти, лизингот овозможува купување на скапи велосипеди со плаќање на рати и благодарение на даночните поволности.

Колку вработениот ќе плаќа месечно за својот велосипед под закуп зависи од бруто платата. Ако корисникот сака да го купи велосипедот на крајот од периодот на лизинг, преостанатата вредност често е околу десет проценти од новата цена.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Доаѓа последната сезона на „Моите генијални пријатели“

Го закопа сопругот и изјави – Бев најлоша сопруга: На прагот на 50-тите се заљуби со глава до петици и му стана сосед на Ѓоковиќ