in

Крушево повторно во фокусот на европскиот параглајдинг: 130 пилоти од 38 земји го освојуваат небото!

Крушево повторно ја потврдува својата репутација како една од најпознатите дестинации за параглајдинг во Европа. Од 8 до 19 август, градот е домаќин на 18. FAI Европско првенство во параглајдинг, на кое учествуваат 130 пилоти од 38 различни земји.

Небото над Крушево е преполно со параглајдери, а погледот од Мечкин Камен и околните полетувалишта создава неверојатен спектакл. Заедно со натпреварувачите, во Крушево престојуваат и нивните тимови, што значи дека бројот на луѓе поврзани со првенството надминува 200.

Натпреварувањето се одвива во дисциплината Paragliding Cross Country, при што главното полетување е од Мечкин Камен. Пилотите летаат на различни рути во зависност од временските услови и поставените задачи, прелетувајќи низ поширокиот регион на Крушево.

Организаторите со гордост истакнуваат дека одржувањето на Европското првенство ја потврдува квалитетот на Крушево како меѓународна параглајдинг дестинација и отвора можности за развој на спортската инфраструктура и активниот туризам.

Во последните години, Крушево стана важна точка на светската параглајдинг сцена, а ваквите значајни натпревари ја зголемуваат видливоста на градот пред спортистите и туристите од целиот свет.

Со растечкиот интерес за авантуристичкиот туризам, во рамките на проектот „Крушево и Елбасан – патување во природа и авантура“ се градат две нови полетувалишта на Црн Врв, што дополнително создава услови за развој на параглајдингот.

По Европското првенство, Крушево ќе биде домаќин и на Светското јуниорско првенство во параглајдинг, кое започнува на 24 август.

Со импозантните височини и спектакуларни летови, Крушево несомнено е вистински европски центар на параглајдингот.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Бургас домаќин на Евровизија 2027: Цените за ноќевање скокнаа над 4.000 евра!

Новороденче жирафа освежи зоолошката градина во Јута!