in

Легендарната Весна Змијанац со голем концерт на 28 ноември во “Борис Трајковски”

По три распродадени Арени и неверојатниот интерес од публиката, Весна Змијанац ќе одржи голем концерт во Скопје како дел од нејзината турнеја „Golden Tour – 50 години кариера“.

Концертот првично беше предвиден да се одржи во арената „Јане Сандански“, но поради поголемиот интерес од очекуваното, настанот ќе се пресели во арената „Борис Трајковски“.

Датумот останува 28 ноември, а посетителите кои веќе купиле билети за првата локација можат да бидат спокойни, бидејќи нивните билети важат и за новата локација.

Весна Змијанац има зад себе пет децении музичка кариера, полна со бројни хитови кои се дел од музичкиот репертоар на генерации. Овој концерт во Скопје е дел од значајната турнеја по повод нејзиниот пат на сцената.

За оние кои сè уште не обезбедиле билети, продажбата продолжува преку Kupikarta.com. На 28 ноември, Скопје ќе доживее вистински музички спектакл, исполнет со познати песни и емотивни моменти од богатата кариера на една од најпознатите пејачки во регионот.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Louis Vuitton создаде футуристички амбиент во Париз со летечки автомобили!

Почина Маргарет Хамилтон, 90-годишната пионерка во софтверското инженерство