in

Лоша навика: Зошто не треба да го одложите алармот?

Многумина од нас имаат навика, штом ќе го слушнат звукот на алармот наутро, да ги испружат рацете и да го одложат неговото ѕвонење за пет, десет, петнаесет минути… 

Иако ни се чини дека на овој начин ќе добиеме многу, всушност е сосема спротивно. Со одложување на алармот, не само што нема да спиеме доволно, туку и не му правиме ништо добро на нашето тело. 

Уморни и поспани

Иако понекогаш е убаво да поминеме неколку дополнителни минути со затворени очи, експертите го известуваат спротивното – одложувањето на алармот прави да се чувствуваме повеќе уморни и поспани. 

Причината е што времето помеѓу два аларми е многу кратко и телото нема време да се врати на длабок сон. 

Оваа теорија ја поддржаа многумина, вклучувајќи го и д-р Ден Арили, кој истакнува дека алармот треба да се постави точно во времето кога треба да станете. 

Го збунувате телото

– Мора да станете во 7 часот наутро, но алармот го поставувате на 6:40 и потоа го одложувате до 7 или 7:15 часот. Меѓутоа, ако паднете во оваа „стратегија на одложување“, ги збунувате и телото и мозокот. Кога конечно ќе одлучите да станете, вашиот мозок сè уште дреме и веќе се чувствувате уморни, а пред вас е работен ден – објаснува д-р Арили.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

Секое утро испијте чаша вода со овој зачин и видете што се случува со вашето тело

ГОНДОЛИ ЗАКОПНИ ВО КАЛТА Каналите се суви, нема море, апокалиптична слика на Венеција