Поп иконата неодамна го прослави својот 66-ти роденден во близина на Помпеја, а сега откри дека и роденденот на својот син го прославила во Италија.
Мадона позираше со синот покрај огромната торта со натпис „Среќен роденден, Роко“, а на прославата се приклучи и нејзиното ново момче, фудбалерот Аким Морис.

Пејачката и фудбалерот позираа во бели комбинации, а на една фотографија Морис ја држи за рака. Да потсетиме, Мадона и Аким се познаваат веќе некое време. Неколку месеци по раскинувањето со партнерот, кој беше 35 години помлад од неа, таа се заљуби во 28-годишниот Аким, а парот беше забележан во Портофино, Италија.



GIPHY App Key not set. Please check settings