in

Македонија одбележува 35 години независност на 8 Септември

Денес, 8 септември, Македонија го слави Денот на независноста, еден од најзначајните моменти во нејзината современа историја. Оваа дата значи многу за сите македонски граѓани, потсетувајќи на еден клучен момент кога народот самостојно одлучи за иднината на својата држава.

На 8 септември 1991 година, граѓаните се собраа на референдум, при што значајно мнозинство се изјасни за независна Македонија. Тоа беше кулминација на долгогодишните стремежи за слобода и нов почеток за земјата.

Референдумското решение беше потврдено неколку недели подоцна, кога Собранието донесе Декларација за независност. На 17 ноември 1991 година беше усвоен и првиот Устав на новата македонска држава.

По три и пол децении, 8 Септември продолжува да биде симбол на самостојноста и изборот на народот. Овој празник е повод да се потсетиме на патот што е изоден, предизвиците со кои се соочуваше државата, но и на надежите и очекувањата со кои секоја генерација ја гради својата иднина.

Денот на независноста е и потсетник дека државата се созида секојдневно, преку работа, одговорност, почит, солидарност и грижа за заедницата. Независноста не е само историски настан, туку вредност која се пренесува и надградува со секоја нова генерација.

Денес, македонското знаме се вее низ сите градови и села, додека граѓаните низ целата земја го одбележуваат овој важен празник во чест на историската одлука од 1991 година.

Среќен Ден на независноста!

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Наташа Беквалац денес слави роденден на сестра ѝ: „Те сакам бескрајно!“