Твитер имаше повеќе од 7000 вработени на крајот на 2021 година, па се проценува дека речиси 2000 работници ќе бидат отпуштени.
Новиот сопственик на Твитер, Илон Маск, го распушти извршниот одбор на компанијата, со што стана единствен директор и ја зацврсти својата контрола врз социјалната мрежа чие преземање од 44 милијарди долари го финализираше минатата недела.
Потегот на Маск беше потврден во дневниот извештај на американската Комисија за хартии од вредност. По финализирањето на договорот за преземање на 27 октомври, Маск остана единствениот менаџер на Твитер , пренесуваат медиумите.
Меѓу деветте отпуштени директори се извршниот претседател Брет Тејлор и претходниот шеф Параг Агравал.
Маск веќе најави дека планира големи промени во компанијата, како што е наплата на 20 долари месечно за проверени сметки, а најновите извештаи велат дека сака да отпушти четвртина од своите вработени.
„Вашингтон пост“ исто така објави дека адвокатот Алекс Спиро, долгогодишниот правен советник на Маск, ги води разговорите за отпуштања по сектори.
Првиот циклус на отпуштања ќе влијае на речиси секој оддел, а најмногу отпуштања се очекува да бидат распределени во секторите продажба, маркетинг, техничка поддршка и безбедност .



GIPHY App Key not set. Please check settings