Социјалната мрежа Икс (Твитер) тестира нова функција која ќе им овозможи на корисниците на платформата да остават реакција „не ми се допаѓа“ на коментарите на објавите.
Новата функција ќе биде означена со симбол на скршено срце, пренесува порталот Тех Кранч, повикувајќи се на кодот на апликацијата за iOS.
Како што е наведено, Икс сака одговорите со повеќе позитивни реакции да бидат прикажани на повидливо место, додека коментарите со повеќе негативни реакции се намалуваат и стануваат помалку забележливи.



GIPHY App Key not set. Please check settings