Поранешната американска прва дама Меланија Трамп оваа есен ги објавува мемоарите „Меланија“, кои нејзиниот тим го опишува како „моќна и инспиративна приказна за жена која сама си го трасираше патот, ги надмина сите неволји и ја дефинираше личната извонредност“, објавија американските медиуми.
Ова се првите мемоари на Меланија Трамп, која во голема мера беше отсутна од очите на јавноста додека нејзиниот сопруг Доналд Трамп бара враќање во Белата куќа.
Мемоарите „Меланија“ ќе ги објави издавачката куќа „Skyhorse Publishing“, која веќе ги објави мемоарите на поранешниот градоначалник Рудолф Џулијани, голем поддржувач на Трамп, и на адвокатот Алан Дершовиц.
Скајхорс работеше и со независниот претседателски кандидат Роберт Ф. Кенеди Јуниор и поранешниот советник на Трамп Мајкл Коен, кој на крајот стана еден од најжестоките критичари на Трамп.
Кабинетот на Меланија Трамп не го прецизираше точниот датум на објавување на мемоарите и не спомена дали книгата ќе биде објавена пред претседателските избори на 5 ноември.
Поранешната прва дама „ги поканува читателите во својот свет, нудејќи им интимен портрет на жена која живеела, и сè уште живее, извонреден, необичен живот“, се вели во најавата на книгата.
„Меланија“ е полна со лични приказни и семејни фотографии кои никогаш не ги споделила со јавноста.
Меланија Трамп, третата сопруга на Доналд Трамп, е загадочна личност и привлекува внимание откако нејзиниот сопруг ја започна кампањата за Белата куќа во 2016 година.
Таа секогаш внимателно ја чувала својата приватност, дури и додека служела како прва дама, фокусирајќи се на воспитувањето на нејзиниот син Барон и промовирајќи ја иницијативата „Биди најдобар“ за „социјалното, емоционалното и физичкото здравје на децата“.
Оваа година таа присуствуваше на настан пред почетокот на претседателската кампања на нејзиниот сопруг Доналд и се појави на минатонеделната републиканска национална конвенција (РНЦ), но главно се држеше настрана од претседателската кампања, па спротивно на традицијата не одржа ниту говор. во RNC.



GIPHY App Key not set. Please check settings