Карневалот во Рио де Жанеиро се враќа во полн ек по пандемијата Ковид-19, при што бразилската федерална влада очекува 46 милиони луѓе да се приклучат на свеченостите, кои официјално започнаа вчера и ќе траат до 23 февруари.
Карневалот во Рио е најголемото шоу во светот и најрадосниот настан во бразилскиот културен календар. Главната атракција се парадите на Самбадром.
Карневалот трае пет дена, обично започнува во петок и го означува почетокот на постот во католичкиот календар. Во срцето на карневалот е самбата, која е совршена илустрација на афро-европската мешавина што ја дефинира бразилската култура.
Како што соопшти Федералната влада на Бразил и туристичките организации, на карневалот во Рио де Жанеиро се очекуваат околу 46 милиони луѓе, кој ќе трае до 23 февруари 2023 година.
Најголем спектакл се очекува на Самбадром каде танчерите се претставени во раскошни костими за кои се трошат многу пари.
Рио де Жанеиро очекува да генерира приход од околу 1 милијарда долари од барови, хотели и ресторани.



GIPHY App Key not set. Please check settings