in

Најчестите грешки на родителите поради кои децата се разболуваат

Во обид да го заштитат своето дете од надворешни бактерии и вируси, родителите често прават грешки кои влијаат на здравјето и имунитетот на детето. Во продолжение погледнете ги трите најчести грешки кои му штетат на детето.

Премногу го облекуваат

Новопечените родители често мислат дека на детето му е постојано студено, и дека треба да се заштити со дополнителен слој облека. Правилото е дека бебињата или малите деца треба да носат само еден слој облека повеќе од нивниот родител, додека на постарите деца тоа не им е потребно.


Тие ја преувеличуваат дезинфекцијата на површините

Плашејќи се дека нивното дете ќе вдиши потенцијално штетни бактерии за нивното тело, родителите преувеличуваат со дезинфекцијата на површините во нивниот дом. Тоа може да биде лошо за организмот на детето, бидејќи му го намалува имунитетот, односно детето не може да создаде имунитет против бактерии.

Родителите избегнуваат да го изнесуваат своето дете кога надвор е ладно

Повеќето родители прибегнуваат кон ова мислење, но тоа е фундаментално погрешно. Свежиот воздух има многу придобивки за детето, го зајакнува имунитетот и респираторниот систем.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

Изгледот на домот зависи од завесите и подовите, еве како можете да го направите пораскошен

Лоша навика и сите ја правиме: Зошто не треба да дозволите водата од кафето да зоврие двапати