Опсерваторијата за соларна динамика на НАСА објави необична фотографија од Сонцето. На неа нашата небесна светилка изгледа како да има лице и се смешка. Фотографијата е објавена на Твитер профилот на НАСА Sun и всушност покажува љубопитна конфигурација на сончеви дамки на дискот на ѕвездата.
„Опсерваторијата за соларна динамика на НАСА денеска сними „насмеано“ Сонце. Овие темни дамки на Сонцето, видливи со ултравиолетова светлина, се познати како коронални дупки“, се вели во најавата што ја придружува снимката.
Забележано е дека во изминатата недела имало три соларни изливи, 23 коронални масовни исфрлања и немало геомагнетни бури.



GIPHY App Key not set. Please check settings