in

Негувателка на животни загина од напад на леопарди во сафари-парк во Холандија

Негувателка на животни во Холандија почина по нападот од леопарди во сафари-паркот „Бексе Берген“, кој се наоѓа во јужниот дел на земјата.

Инцидентот се случи на 24 октомври, кога жената влезе во просторот каде што се наоѓаа два персиски леопарди. Таа претрпе сериозни повреди, особено на главата и вратот, но успеа да се јави за помош преку радиоврска.

По преносот во болница, лекарите веднаш ја оперираа, но нејзината состојба се влоши, а на 27 октомври, таа почина од повредите.

Починатата имала долгогодишно искуство во работата со животни, започнуваjќи во сафари-паркот кога имала само 17 години, и таму поминала речиси 40 години.

По несреќата, започна истрага за околностите на нападот и дали биле почитувани безбедносните протоколи. Сè уште не е утврдено дали нападот го предизвикал еден или два леопарди, а дополнителен проблем е што во просторијата немало камери за видеонадзор.

Управата на паркот изрази сочувство до семејството и колегите на загинатата и најави дека ќе ги испитаат сите околности на трагичниот инцидент. Потврдено е дека леопардите нема да бидат усмртени.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Дијана ОГ создаде загриженост со видео, но станува збор за шега

Марија Луиса купи нов iPhone Duo за 184.490 денари!