in

Никогаш не го користиме: Дали знаете за што служи третата преграда во машината за перење?

Третиот дел, обично означен со симболот I, ретко се користи.

Секоја машина за перење има „фиока“ каде што ставаме детергент за перење и омекнувач. Обично се наоѓа на горната лева страна и има три дела. Прашањето е – дали знаете за што служи секој од тие три дела?

Преградите се означени со симболите I, II и цвет или буквите L и R. Цветот или буквата R се наоѓа на преградата каде што го ставаме омекнувачот. Симболите I и II и буквата L се наоѓаат на деловите каде што го ставаме детергентот.

Најчесто при перење ги користиме првите две прегради (означени со симболот II и цвет), односно преградата за главното перење каде оди прашокот или течниот детергент и преградата за омекнувачот.

Третата преграда, обично означена со симболот I, се полни кога користиме програма која вклучува предперење, која се користи за чистење на многу извалкани алишта.

Значи, ако сакате вашата машина да врши предперење, пополнете ги сите три прегради. И тоа е тоа. Дали веќе бевте запознаени со оваа информација?

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

Ова е последниот модел со W12 мотор

Што да се јаде после тренинг? Оваа храна е идеална доколку вежбате доцна