Само додајте ја оваа состојка во вашата вода и гледајте ги вашите цвеќиња да цветаат цела година.
Цветовите во затворен простор бараат редовна грижа и големо внимание со цел да цветаат и да се развиваат правилно во текот на целата година.
Сигурно сте се запрашале што прават цвеќарите за цвеќињата што ги продаваат да бидат секогаш здрави и во фаза на расцутување? Се работи за рицинусово масло!
Се што треба да направите е да додадете 1 лажичка рицинусово масло во 1,5 литри вода на собна температура. Добро затворете го шишето и енергично протресете го. Маслото треба добро да се измеша со водата пред наводнување за да не се изгорат корените на растението. Откако енергично ќе го протресете шишето, веднаш прелијте ги со водата цветовите.
Ако растението цвета еднаш годишно, тогаш со овој раствор наводнувајте ги цвеќињата еднаш годишно. Ако постојано цвета, полевајте ги тие цвеќиња со оваа вода еднаш месечно.