Американската вселенска агенција НАСА објави дека во сабота повторно ќе се обиде да ја лансира својата нова ракета на Месечината. Обидот за лансирање во понеделникот мораше да биде откажан бидејќи еден мотор, од вкупно четири, не се олади до потребната работна температура, објави Би-Би-Си. По прегледувањето на податоците, инженерите веруваат дека сега разбираат зошто тоа се случило. Тие веруваат дека тоа е поврзано со неисправно читање на сензорот и дека можат да го решат проблемот на денот на лансирањето.
Истекувањето на горивото, а потоа и проблемот со моторот за време на последните подготовки за полетување, ја натера НАСА да го одложи лансирањето на моќната ракета во понеделник на Месечината, која би носела три кукли во капсула во орбитата околу неа.
НАСА повеќепати започнуваше и прекинуваше да ја полни со гориво ракетата Space Launch System со речиси милион галони суперладен водород и кислород. Тоа беше предизвикано од истекување на силно експлозивен водород на истото место каде што истекувањето се случи за време на генералната проба во пролетта.
Ракетата требаше да постави капсула на екипажот во орбитата околу Месечината. Лансирањето ќе означи пресвртница во обидот на Америка да ги врати астронаутите на површината на Месечината за прв пат по завршувањето на програмата Аполо пред 50 години, објави Бета.
Со должина од 98 метри, таа е најмоќната ракета некогаш направена од НАСА, надминувајќи ја дури и Сатурн V што ги однесе астронаутите на Аполо на Месечината. Лансирањето, кога ќе се случи, ќе биде првиот лет во програмата на НАСА за истражување на Месечината од 21-от век, наречена Артемида, по митолошката сестра близначка на Аполо.
Под претпоставка дека првиот лет, со кукли, тестот ќе помине добро, астронаутите ќе тргнат на втор лет околу Месечината и назад, веќе во 2024 година. Слетувањето на две лица на Месечината би можело да се случи до крајот на 2025 година.



GIPHY App Key not set. Please check settings