Едно истражување покажа дека момците со голем нос почесто ги изневеруваат своите партнери.
Момците со голем нос имаат поголема веројатност да ги изневерат своите партнери, покажа истражувањето. Истражувачите тврдат дека повеќе од половина, 52 отсто од оние кои признаваат дека изневеруваат имаат натпросечен нос. Од нив, 78 проценти веруваат дека жените ги привлекува нивниот голем нос.
Но, само десет проценти рекле дека жените со кои се забавувале имаат и големи носови. Само 18 отсто од измамниците имале мали носеви, според истражувањето на 2.000 членови на сајт за запознавање, пишува The Sun.
Портпаролката на страницата за запознавање, Џесика Леони, рече дека очигледно имало нешто во нивниот нос.
– Големите носеви можеби не се најатрактивната карактеристика, но има нешто во нив што остава впечаток на мажественост – вели Леони.
„Не знам што е тоа, но има нешто во врска со маж со голем нос што е многу секси, па можеби затоа и повеќе изневеруваат“, додаде Емили Бамфорд, асистентка во салон за убавина од Бирмингем, која признава неколку од нејзините дечковци имале големи носеви.
– Беа ‘лоши’ момчиња со залутани очи, но секогаш беа расположени за смеење – истакнува Емили.



GIPHY App Key not set. Please check settings