in

Нови цени на горивата: Бензин 99 денари, дизел 101 денар за литар

Возачите од полноќ ќе се соочат со нови цени на горивата, откако Регулаторната комисија за енергетика ја објави измената на малопродажните цени, кои во просек се зголемуваат за 4,89 проценти.

Според најновите максимални цени, кои започнуваат да важат од 00:01 часот на 8 септември, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по цена до 97 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе достигне 99 денари.

Дизелот доживува драстично поскапување, со максimalна цена од 101 денар за литар за ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V). Екстра лесното масло за домаќинство ЕЛ-1 ќе се продава по 105 денари, а максималната цена за мазутот М-1 НС ќе биде 46,001 денар за килограм.

Во споредба со претходните цени, бензините поскапуваат за 3 денари, дизелот за 6 денари, а екстра лесното масло за 8 денари за литар. Цената на мазутот се зголемува за 1,591 денар за килограм.

Регулаторната комисија напомена дека главниот фактор за новото зголемување се повисоките референтни цени на нафтените деривати на глобалните берзи, додека курсот на денарот во однос на американскиот долар придонел за зголемување од 0,5449 проценти во периодот на калкулација.

И покрај новите цени, останува на сила намалената акциза – за 2 денари по литар за двата типа бензин и за 4 денари за дизелот. Важно е да се напомене дека цените утврдени од Регулаторната комисија се максимални, што значи дека бензинските станици можат да ги понудат горивата по пониски цени.

Новите цени стапуваат на сила од полноќ, така што возачите од утре ќе плаќаат за горивото повеќе.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Пронајдено тело на младо момче близу Кочани, неофицијално 17-годишно!

Осма жртва на западнонилската треска, пациент од 70 години почина по десетдневна борба во болница