in

Новиот iPhone 14 ќе биде претставен на 7 септември

Apple го објави датумот на претстојната конференција на која ќе ја претстави новата линија iPhone 14, заедно со новата генерација на часовници и, ако им се верува на гласините, нов iPad.

Настанот се вика „Далеку надвор“, а ќе се одржи на 7 септември во 19:00 часот, по наше време. Конференцијата ќе се одржи во „Стив Џобс театарот“ и ќе биде првиот настан одржан во реалниот свет од почетокот на пандемијата.

Главната атракција на овогодинешниот настан ќе биде новата серија iPhone 14, а се шпекулира дека Apple ќе претстави четири нови модели:

  • iPhone 14 (6,1 инчи),
  • iPhone 14 Max (6,7 инчи),
  • iPhone 14 Pro (6,1 инчи),
  • iPhone 14 Pro Max (6,7 инчи).

Покрај тоа, Apple ја прекинува „мини“ линијата на iPhone телефони, на големо разочарување на љубителите на малите телефони.

Веројатно најголемата надградба оваа година се однесува на моделот „Pro“, кој треба да се ослободи од засекот во горниот дел на екранот (notch). Дополнително, новата серија за прв пат ќе го овозможи екранот „Секогаш вклучен“ на iPhone уредите со нов систем на камера.

На настанот ќе биде претставена нова серија часовници, овој пат три нови модели.

Се шпекулира дека Apple работи и на нови слушалки „Air Pods Pro“ и нови модели на iPad кои може да бидат претставени на настанот.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

ТРИК ВРЕДЕН ЗЛАТO Со помош на една работа испеглајте ги алиштата три пати побрзо

Марамата КАКО ОМИЛЕН МОДЕН ДЕТАЛ Дали е само заштита од сонце или безвременски тренд?