in

Нумерологија: Единствена, светла енергија на 1.11.2022 година!

Нумерологијата нè учи дека секоја серија на броеви има специфично значење, вклучувајќи го и 1/11/2022 година, односно серија од три единици. Во текот на овој ден не очекува единствена и светла енергија!

Денес нè придружува енергијата на посебна низа од броеви 1-1-1 , која исто така се нарекува ангелска низа на броеви. Кога ќе се појави оваа низа од броеви, тоа значи дека силата на Универзумот нè заштитува и ја отвора вратата за големи можности.

Постои верување дека кога ќе се појават овие бројки, доаѓа до големо духовно будење. Бројот 1 е многу моќен број и кога се појавува низа од три единици, тоа значи дека моментално сте на значајно духовно патување.

Преку оваа серија на бројки, Универзумот испраќа јасна порака дека е секогаш со нас, дека не штити и ни помага да ги оствариме нашите соништа. Се верува дека 1-1-1 носи голема среќа и шанси кои треба максимално да се искористат.

Постојат 5 различни ритуали кои носат исполнување на желбите во 1-1-1 ден:

  1. Борете се за вашите соништа Оваа серија бројки нè потсетува дека секој ден, а особено денес, треба да размислуваме за нашите соништа. Затворете ги очите и замислете дека тие веќе се оствариле, запомнете како се чувствувате за време на оваа медитација и верувајте дека се што сакате е можно. На овој начин ги отфрлате негативните мисли и се мотивирате да направите нешто важно и големо во животот.
  1. Вежбајте ја интуицијата Знаците се појавуваат на секој животен пат. Ако сте на добар пат во животот, Универзумот ќе ви испрати знак дека се е во ред. Зајакнете ја вашата интуиција и посветете посебно внимание на симболите и знаците околу вас денес.
  2. Ритуал со кристали Постои верување дека на овој ден треба да го пронајдете својот среќен кристал и да посакате желба додека го држите во рака. Поставете го кристалот до вашиот кревет за да имате подобри соништа. Се препорачуваат следниве кристали: Celestine, Angelite, Fluorite, Milk Quartz, Rose Quartz, Kyanite, Selenite и Angel Phantom кварц.
  1. Во кариерата ве очекуваат добри промени Редоследот на бројките 1-1-1 укажува на успех и добри вести, а тоа особено се однесува на оние кои моментално се незадоволни од својата работа. Пред вас се отвораат врати од различни можности. Ослободете се од стравот од промени и започнете го патот на успехот.
  1. Сакајте се себеси Ако сакаме исполнет живот, тогаш треба повеќе да се грижиме за себе, за нашите потреби, желби и за состојбата на нашата душа. Денеска опуштете се, одморете се и направете нешто што отсекогаш сте сакале да го правите. Дозволете си да се исполните со позитивна енергија и сакајте се себеси. Заљуби се во својата душа, бидејќи само така таа ќе ја покаже својата најубава убавина.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

Огромен астероид ќе помине покрај Земјата во вторник: Голем е како Бурж Калифа и ќе патува 65 пати побрзо од звукот

Алуминиумската фолија ги лекува болките во грбот и вратот