Сите сонуваме за совршени врски и партнери кои ќе ни ги читаат мислите и ќе не следат на секој чекор од патот. Сепак, има и такви кои имаат малку порелаксиран пристап кон љубовта. Тие едноставно не се пребирливи и се чини дека единственото нешто што им е важно е да се во врска. Можеби астрологијата е виновна. Ова се двата хороскопски знаци со најниски стандарди.
Близнаци
Близнаците сакаат промени и авантури. За нив љубовниот живот не е права линија, туку вечно возење во забавен парк – и тие го сакаат секое возење. Близнаците се знак кој има репутација дека не е премногу пребирлив кога е љубовта во прашање, бидејќи за нив секоја нова врска е можност за истражување на нови светови. Не им е грижа дали вашиот стан изгледа како сет од нискобуџетен хорор филм или дали вашиот најблизок пријател е вашето куче или вашето растение. За Близнаците, сè оди додека е забавно и лежерно.
Стрелец
Стрелците се големите авантуристи во Зодијакот, секогаш во потрага по нови искуства и слобода. Нивните стандарди во односите често се толку флексибилни што луѓето околу нив понекогаш се прашуваат дали воопшто ги имаат. Таа лесно ќе се заљуби во некој кој нема постојана работа, живее во комбе и има животна цел да оди на секој хипи фестивал во светот. Нивната филозофија е дека животот е премногу краток за да се судат или отфрлаат потенцијалните партнери поради мали нешта како…стабилноста.
GIPHY App Key not set. Please check settings