Педијатрите предупредуваат дека децата со лоши прехранбени навики често се разболуваат, а вината ја префрлаат на зголемениот внес на преработена храна, која докажано го ослабува детскиот имунитет.
Имено, нашиот имунолошки систем различно реагира кога јадеме брза или преработена храна, а истото се случува и со нашите малечки.
Поентата е дека во телото се јавува воспаление, кое потоа ја спречува способноста на имунолошкиот систем да се бори против инфекции.
Како што објаснуваат педијатрите за порталот Parent Circle, докажано е дека одредени видови храна го ослабуваат имунитетот на детето и придонесуваат за потенцијални болести.
Тие вклучуваат:
- пржена храна
- слатки сокови
- црвено месо
- ултра-обработена храна
- рафинирани зрна
- храна со висока содржина на рафиниран шеќер.



GIPHY App Key not set. Please check settings