in

Ова е разликата помеѓу паметна жена и мудра жена!

Дефинитивно постои разлика помеѓу да се биде паметен и да се биде мудар. И двете се добри особини, но мудроста е дефинитивно повредна од само да се биде паметен. Дали сме паметни или мудри, најмногу се гледа од нашите реакции во различни ситуации. Еве кои се разликите помеѓу паметна и мудра жена. Кога партнерот ќе се лизне, паметната жена истакнува дека ја видела грешката, додека мудрата жена ќе го поддржи партнерот и ќе му помогне да се справи со ситуацијата.

Во воспитувањето на децата, на пример, паметна жена ги учи своите деца на задолжителните науки бидејќи е убедена дека не може без нив. Мудрата жена го гледа она што го интересира нејзиното дете и го поттикнува да ги развива своите таленти. Во однос на колегите, паметната жена секогаш се труди да блесне пред другите, додека мудрата најмногу размислува за тимска работа и постигнување цели.

Има разлика меѓу двете и во поглед на светогледот.

Паметната жена верува дека светот мора да се промени по секоја цена. Мудрата жена знае дека промената започнува од нас самите и се стреми прво да се промени себеси.

Конечната разлика меѓу двете е во однос на среќата. За паметната жена доаѓа кога сè е направено на вистински начин, додека мудрата жена знае дека доаѓа кога го правиме она што го сакаме.

Што мислите?

-1 Points
Upvote Downvote

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

Хороскопските знаци како природен елемент, погледнете во кој спаѓате

Со која храна и пијалоци не треба да претеруваме?