Кога ќе се спомене најомразеното место на Јадранот, Чањ е секогаш на врвот на разни вакви листи.
Но, работите се менуваат, а едно видео покажува на каква плажа можете да пливате и да се сончате доколку го посетите Чањ во Црна Гора. А за работите да бидат уште подобри, плажата е целосно скриена и не можете туку така да стигнете до неа.
@montenegrinbeauty Kakva fantazija od plaže! 😍 #crnagora #beach #plaza #summer #montenegro #foryou ♬ original sound – Montenegrin Beauty
Ова е плажата Галебова, се наоѓа во близина на Чањ, а до неа се стигнува само со брод. Се разбира, луѓето предлагаат други опции во коментарите, како пливање, но за тоа ќе ви требаат часови.
Доколку сте љубители на диви плажи кои се уште не се разгалени од допирот на човечката рака, тогаш оваа е идеална за вас.
За оние кои не знаат, Чањ е туристичко село во општина Бар. Се протега покрај изолиран брег долг околу 1.200 метри, кој поради убавината на камчињата со кои е покриен е наречен Бисерен брег.
Предноста на оваа дестинација е нејзината изолација од главните патишта, топлото море и пријатната медитеранска клима, пишува citymagazine.



GIPHY App Key not set. Please check settings