in

Ова се чекаше долго време: Твитер почна да ја тестира опцијата „edit tweet“

Твитовите ќе можат да се уредуваат неколку пати во рок од 30 минути по објавувањето, соопшти компанијата.

Твитер започна со тестирање на долгоочекуваната опција „edit tweet“ која по 16 години од постоењето на мрежата конечно им овозможува на корисниците да уредуваат твитови откако ќе бидат објавени. Сепак, постои улов.

Одамна бараната опција моментално е во фаза на тестирање и најверојатно ќе функционира слично како опцијата „edit“ на Facebook.

Опцијата нема да биде достапна за секого

Твитовите ќе можат да се уредуваат неколку пати во рок од 30 минути од објавувањето. Променетите твитови ќе се појавуваат со специјална икона и временски печат, за на корисниците да им биде јасно дека не е оригиналниот твит – се наведува во соопштението на компанијата.

https://twitter.com/Twitter/status/1565318587736285184

Ознаката на изменетите твитови ќе вклучува целосна историја на промени, а Твитер вели дека ја тестира опцијата на мал број корисници за да се исклучи можна злоупотреба.

При последното внатрешно тестирање, функцијата „уреди твит“ ќе стане достапна само за претплатниците на „Твитер сино“. Ова значи дека ако сакате да ја искористите опцијата, треба да издвоите пет долари месечно.

Загриженост за злоупотреба


Дали и кога ќе биде достапен за сите засега не е познато.

Џејк Саливан, потпретседател на Твитер, претходно оваа година рече дека уредувањето на твитови е „најбараната опција многу години“, сепак, тој додава дека има загриженост за злоупотреба.

Од друга страна, Фејсбук, Инстаграм и другите платформи веќе имаат опција за „уредување“, а досега не се евидентирани случаи на злоупотреба.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

ПОРАДИ ОВИЕ ГРЕШКИ ВАШИТЕ ПЕРЕНИ АЛИШТА НЕ МИРИСТААТ УБАВО: Премногу ДЕТЕРГЕНТ не значи добро испрани работи! Еве што треба да направите!

Како мирисот на телото влијае на привлечноста?