Речиси половина од населението на Швајцарија има негативно мислење за домаќинот на Евровизија следната година, покажуваат резултатите од истражувањето објавено во саботата од весникот „Блик“.
Репрезентативната анкета на речиси 25.000 луѓе покажа дека 49 отсто се јасно или донекаде против одржувањето на музичкиот натпревар, додека 46 отсто се јасно или донекаде за.
Пет отсто се уште немаат став, се наведува.
Но, сакале или не, Швајцарија ќе биде домаќин на најпопуларниот настан во 2025 година благодарение на Немо, кој ја освои главната награда на овогодинешниот натпревар во Малме, Шведска, со оптимистичката песна „The Code“, за родовата несообразност.
Со победата на Немо за Швајцарија, лингвистички разноликата алпска земја следниот пат ќе биде домаќин на натпреварот, на кој ќе учествуваат изведувачи од целиот континент и пошироко. Така, дел од учесниците се традиционално Азербејџан, Израел, Австралија…
Сепак, точната локација на Евровизија 2025 се уште не е одредена, пишува овој медиум.
Цирих и Женева се пријавија, додека швајцарската престолнина Берн и блискиот град Бил поднесоа заедничка понуда за домаќин, според текстот.
74 отсто од поддржувачите на десничарската СВП се против одржувањето на Евровизија, пишува тој. Анкетата на Блик покажа дека поддршката е посилна кај луѓето со повисок степен на образование и левичарски политички ставови отколку кај другите групи на население, се вели во извештајот.
74 отсто од поддржувачите на десничарската партија СВП се против одржувањето на Евровизија во Швајцарија.
Според Блик, тоа би можело да има врска и со тоа што Немо е небинарна личност и ги претпочита заменките тие/тие, пренесува овој медиум.
Победата на Немо на една од најголемите европски сцени предизвика дебата за тоа дали третиот пол треба да биде регистриран во Швајцарија.



GIPHY App Key not set. Please check settings