in

ПОТРЕСНА ЖИВОТНА ПРИКАЗНА НА МИЛАН СТАНКОВИЌ! Таткото убил колега од работа, па починал во затвор! Вака пејачот проговори за него и пеколот низ кој поминал!

Животот и кариерата на Милан Станковиќ во најмала рака се шарени. Од кариерата која започна во ѕвездите на Гранд, до Евровизија и неговиот необичен стајлинг, престојувањето во манастири, пејачот не престана да ја интригира јавноста.

Последниве месеци го привлекува вниманието затоа што реши да се повлече од јавноста и да си го промени животот од корен, а се шпекулираше дека има намера да се замонаши, а моментално е во Хиландар, каде поминува одредено време помагајќи им на братство на овој Светогорски манастир.

Сепак, една информација за животот на Милан не е толку позната, а се работи за неговиот покоен татко.

Недолго по раѓањето на Милан, таткото на Станковиќ извршил кривично дело, а неколку години подоцна умрел во затвор. Семејството веднаш се посомневало дека се работи за крвна одмазда.

Таткото на Милан Станковиќ, Горан Станковиќ пред повеќе од 30 години убил колега од работа, поради што е осуден на неколку години затвор. Откако одлежал пет години затвор, тој починал под неразјаснети околности. На семејството му кажале дека загинал паѓајќи од скеле, но и денеска не веруваат. Семејството Станковиќ е убедено дека Горан е убиен поради крвна одмазда.

Пејачот на почетокот на кариерата зборуваше за овој болен период за него, а потоа изјави дека се сомнева во официјалната верзија дека татко му починал во затвор.

„Имав само пет месеци кога татко ми отиде во затвор. Затоа не се сеќавам на него, но низ глава ми поминуваат слики од посетите. Никогаш не сум имал чувство дека имам татко, туку некој што го гледам повремено. Татко ми убил извесен човек со кој работел во пекара поради некој долг. По пет и пол години ни кажаа дека паднал од скеле и починал, но јас не верувам. Мислам дека се работи за крвна одмазда“, изјави тогаш Станковиќ и опиша како му било да расте без еден родител.

„Не знам како ќе бев да пораснев со татко ми, но секогаш се чувствував инфериорно. Да кажам во општеството дека немам тато, ќе ме сожали. Како да сум јас крив што е така. Најмногу ме погодија писмата што ги праќаше од затвор. Ги најдов еднаш случајно и целосно се изгубив. Знаев дека не можам да го вратам. Чувствував колку е различно секое негово писмо, во некои можев да препознаам очај, понекогаш оптимизам. И покрај се, мајка ми ме поддржуваше и се бореше за мене и за сестра ми. Работела во продавница, пеглала, чистела куќи. Таа често позајмуваше пари“, изјави Милан пред повеќе од десет години.

Таткото на Милан Станковиќ, Горан Станковиќ, пред точно 37 години убил колега од работа, поради што е осуден на неколку години затвор. Откако одлежал пет години затвор, тој починал под неразјаснети околности. На семејството му кажале дека загинал паѓајќи од скеле, но и денеска не веруваат. Семејството Станковиќ е убедено дека Горан е убиен поради крвна одмазда. Но, никој од мештаните кои тогаш ги сретнавме не се сеќава на тој период, ниту на мотивот за убиството, туку слушнале за тоа. Пекарата во која работел покојниот Горан Станковиќ и во која го убил својот колега одамна престанала да постои, а семејството на жртвата не живее во тој град.

Отиде да го посети

Пејачот на почетокот на кариерата зборуваше за овој болен период за него, а потоа рече дека се сомнева во официјалната верзија дека татко му починал во затвор – Имав само пет месеци кога татко ми отиде во затвор. Затоа не се сеќавам на него, но низ глава ми поминуваат слики од посетите. Никогаш не сум имал чувство дека имам татко, туку некој што го гледам повремено. Татко ми убил извесен човек со кој работел во пекара поради некој долг. По пет и пол години ни кажаа дека паднал од скеле и починал, но јас не верувам. Мислам дека се работи за крвна одмазда – изјави Станковиќ.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

„Подобро да ги продавам интимните делови отколку образот“: Милица Дабовиќ ги шокираше сите со својата изјава

НАЈТОЧНИОТ СЛОВАЧКИ ХОРОСКОП ЗА ЈУНИ 2024 ГОДИНА! Пресврти со бизнисот и љубовта!