Тоа секако не се витални работи, но тие се ситници кои можат да ви го олеснат патувањето и одморот, а со тоа и тој да ви биде поубав.
ЕКСТРА долна облека
Колку и да спакувате долна облека за некое планирано патување, многупати ќе се случи да не биде доволно. Ќе можете да носите еден пар фармерки два или дури три дена, но не и гаќи. Затоа, за да бидете сигурни дека имате доволно градници и долна облека, сметајте дека ќе ви требаат два пара гаќички за секој ден, како и по еден градник за секои два дена од вашето патување.
ПОЛНАЧ ЗА МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН
Кога би можело да се рангираат работите што луѓето ги забораваат при патување, полначот на телефонот сигурно би бил најчестата работа. Причината зошто ова се случува е всушност тоа што повеќето од нас имаат навика да го полнат телефонот вечерта пред патување и едноставно да го ставаат во чантата, целосно игнорирајќи го полначот. Погрижете се да направите потсетник на телефонот да го донесете полначот, бидејќи тоа е нешто што навистина ќе ви треба.
ТАМПОНИ И ХИГИЕНСКИ ВЛОШКИ
Дури и ако циклусот ви е многу редовен и можете да пресметате месеци однапред кога ќе добиете менструација, препорачливо е да носите пакет тампони или хигиенски влошки на вашето патување. Зошто? Па, едноставно, ќе можете да му помогнете на некој што заборавил да ги спакува. Од друга страна, ако циклусот не ви е многу редовен и менструацијата често ве изненадува, навистина е важно со себе да носите тампони и влошки, бидејќи лесно може да се случи најблискиот пазар да не е толку блиску, а тоа е сосема итно.
КРЕМА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЦЕ И РАЦЕ
Секоја жена треба да ги има овие три работи во својот комплет, каде и да оди. Вашата кожа е навикната на секојдневната рутина што ја практикувате, особено ако користите една крема подолго време. Не знаете како би можела да реагира ако наеднаш ја смените кремата за лице затоа што сте ја заборавиле вашата дома. Исто така, кремот за сончање е задолжителен, дури и ако не е на одмор, бидејќи УВ зраците не се нешто со кое сакате да си играте. И последно, но не и најмалку важно крем за раце. Не сакате вашите дланки да бидат болни, црвени и оштетени.



GIPHY App Key not set. Please check settings