in

Пожарникарите спасуваат теле од огнениот пожар на Китка

Големиот пожар што веќе неколку дена се шири над селото Палиград на планината Китка не влијае само на природата и имотот, туку и на животните во опожареното подрачје.

Пожарникарите од Противпожарната бригада на Град Скопје успеаја да пронајдат мало теле заробено во опасната зона. Исплашено и во тешка ситуација, животното се нашло среде метежот и огнот, но пожарникарите навреме успеале да го извлечат на безбедно место.

Центарот за управување со кризи (ЦУК) преку социјалните мрежи упатува повик до граѓаните за максимална внимателност и одговорност, нагласувајќи дека пожарите претставуваат сериозна опасност за луѓето, имотот, природата и животните.

Пожарот на Китка продолжува да се гаси, а поради непристапниот терен во интервенцијата се вклучени и Ер трактори.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Трагедија во Кервасари: Бремена жена почина, сопругот во критична состојба!