Во домаќинството има голем број работи кои се направени од пластика, а оние кои се бели често многу брзо добиваат грда жолтеникава нијанса.
Доколку ве нервираат и пожолтените прозорски рамки, штекерите кои веќе не се бели, далечинските управувачи кои ја промениле бојата од стоење, имаме одлична вест за вас.
Со помош на едноставен трик, сите овие пластични парчиња мебел повторно ќе заблескаат светло бело.
Еве како да им го вратите сјајот без многу мака и труд.
Пред да започнете со чистење, подгответе го следново:
- сад кој ќе го наполните со вода
- детергенти
- мека крпа со која ќе ги триете средствата на пластичната површина
- суви крпи
- четки за заби и
- гумени ракавици за заштита на вашата кожа
Како да се отстрани пожолтувањето од пластика со различни средства?
Првата работа со која можете да се обидете да ги отстраните грдите дамки е семоќната сода бикарбона . Натопете го едниот крај од крпата во вода, а потоа во сода бикарбона и со лесни кружни движења истријте ја површината што сакате да и го вратите стариот сјај. После минута или две триење, треба да видите резултати.
Исто така, содата можете да ја растворите во малку вода и да се обидете да ги истриете сите површини кои се нечисти и кои добиле жолта боја.
Друга работа што можете да ја користите за чистење на пожолтувањето на прозорците и другите пластики е детергентот за миење садови. Потребно е да ставите една мала чаша детергент во сад исполнет со четири литри вода. Натопете сунѓер или крпа во оваа течност и нежно, неколку пати, поминете ги површините што сакате да ги исчистите.
Доколку претпочитате да користите некои од природните производи за отстранување на пожолтувањето од пластиката, можете да користите јаболков оцет, кој ќе го нанесете директно на површината.
Исто така, во овој потфат добро е да се користи мешавина од оцетна киселина во комбинација со вода. Растворете малку оцет во сад со вода и со тој раствор испрскајте ги површините што сакате да ги исчистите.
Внимавајте со приклучоците и прекинувачите за да не навлезе вода на места каде што има струја.
Можете да ги примените истите методи за чистење на пожолтени ПВЦ врати или прозорски рамки, тостери, далечински управувачи, клима уреди и слично.



GIPHY App Key not set. Please check settings