Медицинската сестра и мајка на две деца, Ники, на својот Инстаграм профил на Tiny Hearts Education често објавува важни совети за родителите, а меѓу другото и потенцијални опасности кои им се закануваат на малите.
Во неодамна објавеното видео на споменатата мрежа, таа објасни што никогаш не треба да прават родителите ако детето се задуши.
Првото нешто е да се обидете да го исфрлите туѓиот предмет од душникот пред да контактирате со службите за итни случаи. Како што објаснува Ники, една од првите грешки што многу родители ја прават е нивната интервенција пред да повикаат брза помош.
Друга работа на која предупредува е ставање прсти во устата на детето за да се извлече предмет или туѓо тело од душникот. Така, тие ризикуваат дополнително туркање на туѓиот предмет, што предизвикува повеќе штета отколку корист.
И третата работа што родителите мораат да ја избегнуваат е да го свртат детето наопаку.



GIPHY App Key not set. Please check settings