Многу жени имаат проблем со влакната на пазувите, особено кога доаѓа лето. Потоа треба да се бричат секој ден, бидејќи блузите и кошулите без ракави не ни дозволуваат да чекаме еден месец за добро да пораснат влакната пред депилација.
Ласерското отстранување е се’ почест избор за жените, но дамите кои сè уште не се породиле не треба да се подложат на овој третман. Затоа свртете се кон природно решение – се што ви треба за да се ослободите од влакната на пазувите засекогаш се сок од лимон и шеќер. Рецептот ни доаѓа од Азија, каде речиси сите жени го користеле барем еднаш, а потребни се неколку третмани за целосно отстранување на влакната.
СОСТОЈКИ:
2 супени лажици сок од лимон
лажица шеќер.
Сè што треба да направите е да ги измешате овие две состојки и да ги нанесете на чиста кожа под рацете. Оставете го да делува неколку минути, а потоа отстранете го со сува, памучна, чиста крпа. Немојте веднаш да одите под туш или да прскате дезодоранс, за лимонот да делува што подолго.



GIPHY App Key not set. Please check settings