Психолозите веруваат дека две работи можат толку многу да ги повредат децата што ќе ги паметат до крајот на животот. На прво место се неисполнетите ветувања.
Многу родители им ветуваат на своите деца награди доколку успешно завршат училишна задача или нешто друго. Меѓутоа, кога го прават она што се бара од нив, наместо награда, возрасните им поставуваат нов предизвик.
Можеби ви изгледа безопасно, но ако постојано му ветувате на детето нешто што не го исполнувате, тоа ќе ја изгуби довербата во вас бидејќи сте го разочарале. Кога ќе пораснат, нема да ви зборуваат за сериозни работи што им се случуваат во животот бидејќи нема да ви веруваат.
На второ место е непочитувањето. Родителите честопати ненамерно ги повредуваат своите деца заборавајќи да ги пофалат за нешто што го направиле.
Поради оваа причина, многу е важно да се внимава на сè што детето постигнува – добра оценка во училиште, успех во хоби итн. Охрабрувајте ги децата секој ден и тие ќе продолжат да постигнуваат се поголеми и поголеми успеси.



GIPHY App Key not set. Please check settings