in

Расел Бренд осуден за силување, полицијата истражува нови пријави

Британскиот актер и комичар Расел Бренд е прогласен за виновен за силување на една жена и сексуално злоставување на три други жени, по четиринеделното судење во Лондон. Полицијата потврдува дека против него се води истрага по две дополнителни пријави за силување.

Поротата во судот „Саутворк“ донесе пресуда на 5 ноември, а обвиненијата за кои Бренд е осуден се поврзани со настани од 2004 до 2009 година. Тој беше ослободен од обвиненијата за уште две силувања и обид за сексуално насилство.

Судијата, по изрекувањето на пресудата, не се согласи да му дозволи кауција и Бренд остана во притвор. Казната ќе биде изречена на 9 ноември, а судијата најави дека се очекува значителна затворска казна.

Сепак, актерот се соочува со дополнителни правни проблеми, бидејќи Лондонската полиција продолжува да истражува две нови пријави за силување од две жени. Според една од пријавите, жената тврди дека била во врска со Бренд кога тој имал 30 години, а таа 16 години. Овие наводи се уште се во фаза на истрага.

Бренд ги негираше обвиненијата, тврдејќи дека нема сексуални односи без согласност. Иако признавал дека водел промискуитетен живот, инсистираше дека никого не принудувал на секс.

Полицијата упати повик до сите жени кои можеби имаат информации или сакаат да пријават слични случаи да се обратат на надлежните органи. Истрагата за новите обвиненија продолжува, а одлуката за потенцијални нови обвиненија сè уште се очекува.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Боб Дилан во неформален изглед се сретна со папата

Вечерва во 21 часот премиерно емитување на „Искрено со Анџус“