Ви пренесуваме рецепт за пролетна супа од бел лук.
Состојки :
20 чешниња лук
2 супени лажици маслиново масло
морска сол, бибер
50 гр путер
2 главици кромид
4 гранчиња мајчина душица
10 чешниња лук
600 мл супа од зеленчук
100 мл крем за готвење
40 гр рендан пармезан
парчиња лимон
Подготовка :
Одделете дваесет чешниња лук и не ги лупете. Се става во мал огноотпорен сад, се прелива маслиново масло, бибер и сол и сето убаво се меша.
Убаво покријте со фолија и печете во загреана рерна на 175 степени околу 40 минути, додека пулпата од лукот целосно не омекне.
Извадете го и оставете да се излади за да можете да ја исцедите пулпата од лушпата.
Во тавата ставете го путерот, загрејте го, па додадете го исечканиот кромид и ситно исечканите листови мајчина душица и пропржете додека кромидот не омекне и стане стаклен.
Додадете ја печената каша од лук и остатокот од свежиот лук и пржете заедно со кромидот уште неколку минути.
Прелијте ја супата, намалете ја температурата, варете полупокриено околу 20 минути додека лукот не омекне.
Сите состојки се мешаат со миксер, се додава кремот за готвење и се остава убаво да се загрее, но не смее да зоврие.
Зачинете ја супата со свежо мелен бибер и морска сол.
На чиниите ставете го ренданото сирење, прелијте го со топла супа и исцедете го сокот од едно парче лимон.
Посипете со мајчина душица или магдонос и послужете.
Добар апетит!
GIPHY App Key not set. Please check settings