Странските туристи во Белград во јануари годинава ноќевале двојно повеќе отколку во истиот месец лани, изјави Александра Миката од белградската туристичка организација на денешното отворање на новата наутичка сезона.
Таа за Танјуг изјави дека во јануари српската престолнина ја посетиле повеќе од 70.000 туристи и се регистрирани над 200.000 ноќевања, што е за 52 отсто повеќе од претходната година. Миката очекува дека минатогодишните рекорди на посетеност во Белград ќе бидат срушени за време на пролетните патувања.
Таму очекуваме рекорд бидејќи јануари веќе бележи пораст во однос на претходниот јануари, а лани беше одлична и бидете сигурни дека се ќе биде полно и треба навреме да си резервирате сместување“, изјави Миката.
Таа додава дека тоа делумно се должи на отворањето на нови летови до и од Белград, бидејќи сега се нудат 20 нови дестинации.
„За време на короната беа категоризирани околу 5.000 единици приватно сместување и сега во Белград има сместување за сечиј џеб“, рече Миката. Таа наведува дека има зголемување на бројот на туристи од сите земји, но пред се ‘од Грција, од кои во јануари имало 3.375, што е зголемување за повеќе од 300 отсто во однос на истиот период лани.



GIPHY App Key not set. Please check settings