Семејна торта која брзо се подготвува.
Состојки:
– 2 јајца
– 200 гр шеќер
– 200 мл масло
– 200 мл млеко
– 200 гр мелени ореви
– 200 гр гриз
– 200 гр брашно
– 2 рендани јаболка
– 1 кесичка прашок за пециво
– 1 кесичка ванилин шеќер
– малку рум
– 50 гр џем по избор
– 50 гр сечкани ореви
Подготовка:
Во соодветен сад измешајте ги јајцата, шеќерот и ванилиниот шеќер додека не се запенат.
Додадете масло, млеко, јаткасти плодови, гриз и брашно измешано со прашокот за пециво.
На крајот измешајте ги ренданите јаболка и румот, па смесата истурете ја во намрсена и набрашнета тава.
Подготвената смеса печете ја во рерна загреана на 190 степени 30 до 35 минути.
Испечениот колач премачкајте го со џем по избор и посипете со сечкани ореви.
Исечете го колачот на коцки, а потоа посипете го со шеќер во прав и цимет.
Пријатно!



GIPHY App Key not set. Please check settings