in

Повеќе од 200 смртни случаи пријавени во Британија! Истражуваат поврзаност со лековите за слабеење.

Во Велика Британија, пријавени се повеќе од 200 смртни случаи кои може да бидат поврзани со лекови од групата GLP-1, кои се употребуваат за третман на дијабетес и за намалување на тежината.

Според британската Агенција за лекови и здравствени производи (MHRA), евидентирани се вкупно 216 случаи на смрт како можни несакани ефекти поврзани со овие терапии. Во овие пријави се вклучени лекови како што се Mounjaro, Ozempic, Wegovy и Saxenda.

Важен елемент е дека од MHRA нагласуваат дека самото пријавување не значи автоматски дека лековите биле причина за смрт. Ситуацијата опфаќа случаи со сомневање за поврзаност, и не секоя пријава укажува на докажана причинско-последична врска.

Лековите од оваа група стануваат се поупотребувани, особено за третман на дијабетес тип 2 и контролата на телесната тежина, поради што нивната безбедност и потенцијалните несакани ефекти се под постојано следење.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Кинески инженери создадоа робот-риба која ги имитира природните движења на вистинските риби

Ејми Вајнхаус денес би наполнила 43 години!