Музичката ѕвезда Весна Змијанац пристигна во Скопје, каде што одржа прес-конференција во пресрет на големиот концерт што ќе се одржи на 28 ноември 2026 година во арената „Борис Трајковски“.
Поради големиот интерес на публиката, организаторите одлучија настанот да се премести во поголем простор.
Македонската публика ја очекува вечер посветена на музиката, во која легендарната пејачка ќе одбележи 50 години успешна кариера.
На прес-конференцијата Весна зборуваше за концертот што претстои, за очекувањата од публиката и за значењето на овој важен јубилеј.
Настапот во Скопје ќе им овозможи на присутните повторно да уживаат во безвременските хитови што обележаа повеќе генерации и ја вброија Весна Змијанац меѓу најголемите имиња на регионалната музичка сцена.
Пет децении на сцена, бројни хитови и огромен интерес најавуваат музички спектакл за паметење. Концертот во Скопје е дел од големата турнеја со која пејачката ја прославува својата 50-годишна кариера.
Билетите сè уште се во продажба преку Kupikarta.com, а на 28 ноември Скопје го очекува вечер исполнета со емоции, познати песни и големи музички моменти.


