in

Бизарен тренд на Бали: туристи плаќаат до 16.000 долари за да бидат успиени и да се разбудат со тетоважи

На Бали, Индонезија, се појави необична практика што сè повеќе ги привлекува туристите, но истовремено предизвикува сериозни реакции од медицинската јавност. Посетители од различни земји се подготвени да платат и до 16.000 долари за да добијат големи тетоважи додека се под општа анестезија.

Наместо да поднесуваат долги и болни сеанси, клиентите се одлучуваат за постапка при која медицински тим ги успива, а тату-уметниците работат на нивното тело. Во некои случаи, на еден клиент истовремено можат да работат и до девет тату-уметници.

Целиот процес трае од 10 до 20 часа, а на тој начин се овозможува изработка на големи тетоважи за многу пократко време отколку со вообичаениот пристап. Цената се движи од 9.000 до 16.000 долари, во зависност од обемот на работата и од избраната постапка.

Оваа појава привлече големо внимание и на социјалните мрежи, каде што се споделуваат снимки од клиентите пред и по тетовирањето.

Иако на прв поглед изгледа како лесно решение за оние што сакаат да ја избегнат болката, лекарите предупредуваат дека долготрајната општа анестезија носи ризици. Можни се сериозни компликации, па затоа е неопходно пациентот постојано да биде следен од квалификуван медицински персонал.

Предупредувања пристигнуваат и од професионалци во тату-индустријата, кои сметаат дека не е оправдано да се презема ваков медицински ризик само за да се скрати времето потребно за тетовирање.

Случајот го привлече вниманието и на локалните власти на Бали, кои најавија проверки за да утврдат дали ваквите постапки се спроведуваат во согласност со здравствените прописи и соодветните медицински стандарди.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Весна Змијанац одржа прес-конференција во Скопје по повод големиот концерт за 50-годишнината од кариерата

Димитар Илиевски фенираше со заврзани очи и го привлече вниманието на мрежите