in

Весна Змијанац за ќерката Николија: „Сега и таа е ѕвезда и мајка, сфати дека не може и јаре и пари“

Весна Змијанац отворено проговори за односот со ќерката Николија Јовановиќ, за време на прес-конференцијата во Скопје, организирана пред големиот концерт што ќе се одржи на 28 ноември во арената „Борис Трајковски“. Со тој настап, пејачката ќе одбележи 50 години успешна музичка кариера.

Пред новинарите, Весна се осврна на повеќе теми, а најголемо внимание привлече нејзината изјава за Николија. Таа рече дека ќерката порано не ја фалела многу јавно како мајка, но дека тоа се променило откако и самата станала позната во музиката и мајка.

„Николија не ме фалеше многу јавно како мајка, но сега, кога и таа е ѕвезда и мајка, самата сфати дека не може и јаре и пари“, изјави Змијанац.

Таа се осврна и на Николија и на нејзиниот партнер Реља Поповиќ, за кои рече дека се полни со изненадувања и дека никогаш не знае што следно ќе направат.

Весна Змијанац зад себе има пет децении на сцената и голем број хитови што со години ги слушаат повеќе генерации. Нејзиниот концерт во Скопје е дел од големата турнеја со која ја слави јубилејната 50-годишнина од кариерата.

За сите што сè уште немаат билет, продажбата продолжува преку Kupikarta.com. На 28 ноември, Скопје го очекува музички спектакл со познати песни, силни емоции и големи хитови од богатата кариера на една од најпознатите пејачки во регионот.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Весна Змијанац во Македонија откри дека љубовта е нејзината тајна за долготраен успех

Два бели тартуфа продадени за 100.000 евра на аукција во Италија