in

Роналдо покажа што прави пред ЕП, фотографијата за еден ден доби 4 милиони лајкови

Европското фудбалско првенство во 2024 година е пред почеток, а португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо покажа како ги поминува последните денови пред заминувањето за Германија.

Имено, неговите деца, близнаците Матео и Ева го прославија седмиот роденден. Во оваа прилика Кристијано објави семејна фотографија со останатите деца, но и со својата партнерка Џорџина. Пред нив има колачи.

Семејството на прво место“, напиша фудбалерот.

Емотивна порака до децата

За 22 часа откако е објавена фотографијата, таа доби повеќе од 4,2 милиони лајкови. Роналдо пред извесно време објави фотографија на која е сам со славениците.

„Среќен роденден на моите сакани Ева и Матео. Тато многу ве сака“, напиша тој.

Роналдо има пет деца. Близнаците Ева и Матео се родени во 2017 година со помош на сурогат мајка. Најстарото дете е синот Кристијано Џуниор, а фудбалерот има две ќерки со Џорџина, Алан Мартина и Бела.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

Северина се пофали со својот одмор на луксузна туристичка дестинација

Дневен хороскоп за петок (07.06.2024)