Секој прави грешки и трендовите не се секогаш исти, а доколку сакате да ги обновите веѓите, еве што треба да направите.
Веѓите го врамуваат лицето, а добро стилизираните можат да ни дадат сосема поинаков изглед. Оние кои прекумерно ги кубеа влакната можеа да чекаат девет месеци, па дури и две години за целосно обновување на веѓите, за да ја достигнат максималната ширина и исполнетост. Сепак, соодветната грижа и одредени трикови би можеле да го забрзаат овој процес.
Шминкерката на куќата „Шанел“, Химена Гарсија, верува дека густите веѓи можете да ги вратите во три чекори. Секако, во случај на некои кожни состојби и болести, или хормонална нерамнотежа, причината треба да се реши, бидејќи тенките веѓи можеби се само последица, пишува „Вог“.
1. Чистење и лупење
Лупењето на кожата под влакната на веѓите помага да се отворат фоликулите и го поттикнува растот на веѓите. Така, пилингот им помага на другите производи кои го поттикнуваат растот полесно да навлезат во кожата. Прво, темелно исчистете го лицето и веѓите со средство за чистење лице. Тогаш е време за нежен пилинг. Покрај пилинзите купени во продавница, можете да направите и природна смеса. Направете пилинг со розова хималајска сол и додадете го омиленото масло за кожа, можете да користите и јојоба. Нежно масирајте и исплакнете.
2. Масажа за циркулација
Масажата на веѓите ја стимулира циркулацијата, снабдувањето со крв во областа и го поттикнува нивниот раст. Со масажа можете природно да ги подигнете веѓите и да ги отворите очите. Масажата можете да ја извршите со прстите или со алатки како гуа ша.
3. Хидратација
Исто како што се грижите за косата и ја хидрирате кожата, така и вашите веѓи бараат сличен третман. Премачкајте ги веѓите со хидратантен серум или едноставно користете природни препарати како оризова вода или бадемово масло.


GIPHY App Key not set. Please check settings