in

Новиот хит во светот на убавината – „Рускиот маникир“ го освојува интернетот!

Ако во последно време на социјалните мрежи забележувате маникири со исклучително чиста линија околу ноктот и минимална видливост на кутикулата, голема е веројатноста дека станува збор за „руски маникир“.

Оваа техника стана се попопуларна во 2026 година, особено на ТикТок и Инстаграм, каде видеата со резултатите привлекуваат значително внимание. Според „The Guardian“, глобалните пребарувања за „Руски маникир“ континуирано растат од 2020 година, а во мај оваа година достигнале рекорден број на пребарувања. На ТикТок, хаштагот #russianmanicure има над 250.000 видеа.

За разлика од класичниот маникир, при рускиот маникир рацете не се потопуваат во вода. Техниката се применува на суви нокти со помош на електрична турпија, односно специјален уред со фини наставки. Со прецизни движења се чисти околината на кутикулата и се отстранува мртвата кожа, што овозможува лакот или гелот да се нанесе многу блиску до коренот на ноктот, создавајќи уреден и чист изглед.

Резултатот е навистина импресивен – ноктите изгледаат подолго, линијата на лакот е прецизна, а растот на ноктот помалку се забележува. Токму оваа совршена чистота е главната причина за популарноста на техниката. На фотографиите и видеата, маникирот изгледа речиси „фотошопирано“, со бојата која се нанесува многу блиску до кутикулата, создавајќи впечаток дека расте од коренот на ноктот.

Исто така, техниката често се поврзува со подолготраен изглед на гел-маникирот, бидејќи се остава минимален простор помеѓу производот и кожата.

И покрај впечатливиот резултат, рускиот маникир е техника која бара висока прецизност и обучен професионалец. Работата се изведува многу блиску до живото ткиво околу ноктот, што значи дека неправилната употреба на електричната турпија или отстранување на премногу кожа може да доведе до повреда и зголемен ризик од инфекција. Затоа, експертите советуваат дека техниката не треба да се пробува без соодветно образование и обука.

Ако планирате да го испробате оваа тренд, најважно е маникирот да го прави професионалец обучен за работа со електрична турпија. Совршено чистите нокти можеби се нова сензација на социјалните мрежи, но зад оваа популарност лежи техника која бара многу знаење и прецизност.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Селин Дион се врати на сцената по шест години, организирајќи емотивен концерт во Париз

Снеже Велков се спаси од дождот со ќеса за ѓубре!