Сара Беро, мајка на близнаци со Даунов синдром, сподели уште една добра вест на социјалните мрежи.
Нејзините прекрасни ќерки денеска добија сертификат за завршено основно училиште.
-Денеска девојчињата земаа сведоштва, рече Сара, самохрана мајка, со фотографија од Ирма и Илда, каде позираат со својата наставничка.
Сара ги користи своите социјални платформи за да ја подигне свеста за луѓето со Даунов синдром, а видеата и фотографиите од нејзините ќерки ги топат срцата. Иако е самохрана мајка, Сара успеала да ги поведе своите малечки на вистинскиот пат.



GIPHY App Key not set. Please check settings