Саша Мирковиќ, сопственикот и директор на „Hype продукција”, денеска отворено го коментираше пејачот Дино Мерлин, нагласувајќи дека досега молчел, но сега чувствува потреба да проговори.
Тој посочи дека Мерлин е еден од оние кои придонеле за ширење на национална омраза и дека не заслужува да настапува. “Досега молчев, но морам да се огласам. За сите оние кои учествуваат во ова, не треба да пее”, изјави Мирковиќ.
Иако порано верувал дека Мерлин можеби се променил, неговото мислење се смени по видените настани во Сараево. “Кога видов како им продава вода за седум и девет марки на деца што стојат на 45 степени, се запрашав – како не ти е срам?”
Мирковиќ се осврна и на хуманитарните активности на Мерлин, сметајќи дека тие се обид за подобрување на неговиот имиџ. “Откако популарноста му се ниша, повторно ги злоупотребува децата и привлекува новинари да снимаат како е добротвор”, додаде тој.
На крајот, Мирковиќ упати повик да се вратат средствата од продадените билети на граѓаните. “Вратете им ги парите на граѓаните на Србија! Мислам дека е време, бидејќи сте прозвани од сите страни”, рече тој.

