in

Се намалува водата во каналите во Венеција

Каналите во Венеција се соочуваат со намалување на нивото на водата, така што многу од нив веќе се непогодни за гондоли и чамците што се вообичаен сообраќај во Венетската Лагуна на Италија.

Сликите од градот сега покажуваат дека некои канали се сведени на „калливи корита“ – како што велат познавачите.

Италијанското еколошко здружение „Лига за околината“ („Легамбиенте“) го вклучи алармот претходно оваа недела, предупредувајќи дека на Италијанските Алпи паѓа околу 53 отсто помалку снег во споредба со просекот последниве 10 години. Тоа е загрижувачки, бидејќи снегот е важен извор на вода напролет и лете, вклучително и онаа за секојдневни животни потреби.

Стручњаците велат дека причина за овие непогоди се климатските промени.

На национално ниво, снежниот дефицит изнесува околу 45 отсто, соопшти „Легамбиенте“.

Минатиот јули, Италија ја претрпе најголемата суша во последните 70 години и прогласи вонредна состојба во областите околу реката По.

Во текот на следната недела во Венеција и околината се предвидуваат, според познавачите – „очајно потребните“ врнежи. 

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

Каде живеат момците со најголемите, каде оние со најмалку „гордост“

ТРИ ЈАЈЦА НЕДЕЛНО. Научниците открија дали тие можат да помогнат во заштитата на здравјето на срцето